„Планот да се ограничи бројот на бегалците, може да го зголеми приливот“

Планот за воведување на построги политики кон бегалците може да стане причина за зголемување на протокот на мигрантите кон земјите од ЕУ.

Такво е мислењето на министерот за внатрешни работи на Финска, Петер Орпо.

“Во земјите од каде што доаѓаат бегалците, е познато дека Европа ја засилува контролата над границите, ги подготвува договорите за реадмисија за брзо враќање (на економските мигранти) и воведува построги критериуми . Затоа тие уште побрзо тргнуваат наваму. Ова може да е една од причините “, вели Орпо за весникот Helsingin Sanomat.

Според неговите зборови, во Финска во последно време има пад на оние кои сакаат да добијат азил, но ситуацијата на Балканот не покажува дека се забележува пад.

Прочитајте и:  Мерц ја повикува Европа да му покаже заби на Трамп

“За жал, (таков) нема. Кога денес и во претходните денови гледав репортажи од Балканот, ништо не дава причина да се зборува дека сè е завршено. Ние се уште не можеме да кажеме колку (бегалци) се упатија наваму “, појаснува министерот.

 

- Реклама -