Максимален рејтинг на Владимир Путин

Рејтингот на одобрување на рускиот претседател Владимир Путин го достигна историскиот максимум и е речиси 90%. Ова го соопшти ТАСС, повикувајќи се на податоци на Рускиот центар за истражување на јавното мислење.

vladimir-putin-calls-out-american-exceptionalism-in-intense-nyt-op-ed

Според истражувањето на центарот, објавено денеска, рејтингот на одобрување за активностите на Путин постави нов рекорд – 89, 9%. Претходниот максимум е забележан во јуни оваа година (во средината на месецот – 89,1%).

Руските социолози го објаснуваат високото ниво на поддршка за Путин со успешните авиоудари на руската авијација против “Исламска држава” и настаните во Сирија.

Истражувањето е спроведено на 17 -18 октомври. Анкетирани се 1.600 лица од 130 населени места во земјата.

- Реклама -