Мајстор за карикатури

Androé Carrilh е дизајнер, илустратор и аниматор, роден во 1974 година во Лисабон, во Португалија.

Добитник е на неколку национални и интернационални награди, а своите творби ги изложувал во рамки на групни и самостојни изложби во Бразил, Кина, Чешка, Франција, Португалија, Шпанија и САД.

Совладувањето на човековите контури и црти не гарантира секогаш и добра карикатура. Неопходно е уметникот да има чувство за она што е потребно да се нагласи, но и за она што не е. Андре го разбира начинот на моделирање на човечката глава и тело како да се направени од глина.  Прилично е критички настроен кон оној дел од уметноста што се однесува на карикатурата.

„Некои карикатуристи не се добри илустратори, а добрите илустратори често се многу лоши карикатуристи. Карикатурата е единствена во смисла дека мора да изгледа како личноста што ја цртате, и во однос на тоа нема дебата. Таа е специфична визуелна игра и сите мораат да ја разберат“, вели тој.

4449695985_8f4752f862_z 5940153004_542dc2ee0f_z 6902145621_8405ea6e6a_z 14709148879_2386010001_z 16106669571_5235cc8ab0_z Untitled-11 Untitled-12fff22 Untitled-22 Untitled-1111 Untitled-1222

- Реклама -