Прехранбени производи што немаат рок на траење

Дали сте знаеле дека ако соодветно се чуваат, следниве хранливи производи можат да траат со години, понекогаш и децении, дури и откако ќе бидат отворени, губејќи сосема малку или воопшто од оригиналниот вкус.

Мед

Чистиот природен мед е траен исто толку колку што е вкусен, и ако соодветно е чуван, ќе трае вечно. Со текот на времето, може да ја смени бојата или да кристализира, но тоа нема да го направи небезбеден за употреба. Чувајте го на ладни места и осигурајте се дека капакот е добро затворен. Кристализираниот мед може да го декристализирате со тоа што отворената тегла ќе ја ставите во топла вода и ќе мешате го додека гранулите не се растворат.

Сол

Без разлика дали се работи за готварска сол или за морска сол, тоа е производ кој никогаш не го губи вкусот и квалитетот.  Само ставете ја во затворен сад на темно, ладно и суво место.

Ориз

Сите видови на бел ориз, како што се дивиот ориз, арборио, јасмин и басмати оризот, немаат рок на траење. Единствено, исклучок е само кафеавиот ориз, поради високата концетрација на масти. Сместете го на суво, ладно место, во вакуумирана кутија и не заборавајте во околината да поставите некој инсектицид кој е безбеден за кујната.

Алкохолен оцет

Салатите, сосовите и супата нема да бидат исти без белата дестилирана оцетна киселина. Најдобар начин за чување на алкохолниот оцет е шише со тесен отвор, бидејќи лесно испарува и ферментира, сместете го на темно и суво место.

Прочитајте и:  Намирници со висока содржина на шеќер и сол што треба да се избегнуваат

Шеќер

Сите типови на шеќер, како што се белиот, кафеавиот или оној во прав, никогаш не може да се расипат затоа што не го дозволуваат развојот на бактериите. Понекогаш шеќерот подлежи на кристализација или пак се стврднува. Освен тоа што треба да се стави на ладно, суво место, шеќерот треба да биде чуван во вакуумиран сад или пластична ќеса за да се заштити од кристализација.

Алкохолни ликери

Дестилираните пијалаци, како што се вотката, румот, вискито, џинот, текилата не се расипуваат и по отворањето на шишето. Вкусот и аромата може да ослабат со текот на времето, но треба да поминат многу години пред тоа да го забележите. Чувајте ги на темно, ладно место, далеку од сончевата светлина. Осигурајте се дека шишето е добро затворено.

Екстракт од ванила

Прилично скапа и многу ценета течност. Но, знаејќи дека чистиот екстракт од ванила трае вечно, ќе ја цените секоја негова капка. Се преферира да се чува на суво, ладно место, во стаклено шише кое треба добро да се затвори по употребата.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -