Фичо oд МоиРецепти ќе ни покаже како да направиме едноставен и вкусен десерт, пита со јаболка, позната како „Лења пита“.
Подготовка
Чекор 1: Од состојките за тесто замесете тесто. Поделете го на два дела. Едниот дел расукајте го и распоредете го во Ростер тавата. Оставете го да се запече на 200 степени околу 10 минути. Се запекува за да фати кора и да не ја впие течноста од јаболката.
Чекор 2: Јаболките излупете ги и изрендајте ги, додадете го шеќерот и циметот и измешајте ги со раце.
Чекор 3: Изренданите јаболка наредете ги врз потпечената кора. Од второто тесто расукајте кора и прекријте ги јаболката.
Чекор 4: Печете 30 минути на 200 степени, или додека зарумени.
Чекор 5: Наросете со шеќер во прав и сервирајте!
СОВЕТ: Горната кора од тестото може и да ја изрендате, па така веќе добивате десерт познат како „Бушава Ката“.