Семејната сага на Џоли и Пит

10 години по “Господин и госпоѓа Смит”, Анџелина Џоли и Бред Пит повторно се брачна двојка на големиот екран, овој пат во проектот “By the Sea” (“Крај морето”) што ќе започне да се прикажува во кината од 13 ноември.

jolie1

Џоли е во главната улога, но освен тоа е потпишана како режисер и продуцент на филмот. Романтичната драма раскажува за односот помеѓу американскиот писател Роланд (Бред Пит) и неговата сопруга Ванеса (Анџелина Џоли), која е поранешна танчерка.

Двајцата сместени во 70- тие, заминуваат во живописно француско одморалиште, за да го спасат бракот, но,  кризата станува поголема.

jolie2

 Според Џоли двајцата со нејзиниот сопруг сакале да одиграат луѓе кои воопшто не личат на нив самите.

„Требаше да глумиме во сцени со сериозни кавги и да го натерам да доживува агресија кон мене, што никако не беше лесно”, изјави уште Џоли.

jolie3

 

- Реклама -