Едноставни совети за намалување на холестеролот

Не е потребно да се прават драстични промени во режимот на исхрана за да се намали холестеролот, доволно е само малку да се модифицира.

Првиот совет кој ни го даваат експертите е да ја зголемиме потрошувачката на храна која содржи растителни влакна. Во текот на денот мора да се внесат барем 35 г влакна.

Идеален извор на растителни влакна се гравот и неговите слични култури – зелен грав, леќа, грашок, соја. Покрај тоа, тие се богати со корисни протеини, минерали, а некои дури и со калциум кој исто така го спречува лошиот холестерол.

Влакната помагаат да се соедини холестеролот од тенкото црево и да се исфрли од организмот.Во оваа група спаѓаат и сите интегрални производи, особено овесните снегулки, природниот зеленчук – брокула, зелка, модар патлиџан, пиперки и др., како и овошјето – јаболка, цитруси (особено киви), папаја, гуава, јагоди.

Прочитајте и:  Нутриционист откри што се случува кога пиеме кафе на празен стомак

Дејството против холестеролот на овошјето и зеленчукот се дополнува и од содржината и ефектот на Ц витаминот. Погодно за конзумирање е и сушеното овошје, бидејќи е еден вид „концентрат“ на флавоноиди кој придонесува за намалување на лошите масти во крвта.

Како помош во борбата против високиот холестерол се и овесните снегулки и семкастото овошје, главно поради корисните омега-3 масни киселини. Овие масни киселини го одржуваат нивото на добриот HDL холестерол во организмот кој има својство да го „фаќа“ и отстранува лошиот LDL.

Во исхраната можете слободно да додадете и кикиритки и ореви. Тие вклучуваат витамин Е, кој исто така е неопходен за здравјето. Најбогат извор на омега-3 масни киселини е рибата и тоа туната и лососот, така што препорачливо е барем еднаш-два пати неделно да го конзумирате овој производ.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -