Најмалку 42 лица загинаа во самоубиствен напад во Нигерија

Десетици верници беа убиени, кога бомбаши-самоубијци нападнаа џамија во североисточниот нигериски град Мајдугури.

„Сите посетители на џамијата загинаа. Ниту еден не успеа да избега “, рече трговец кој бил во близина на местото на несреќата.

Друг сведок изјави дека се преброени најмалку 42 тела по експлозиите.

- Реклама -