Ламар во кома, молк во семејството Кардашијан

Тие се познати по нивната активност на социјалните мрежи. Постојано објавуваат слики, видеа со цел да привлечат поголемо внимание.

Но откако ја дознаа веста за Ламар, никој од семејството Кардашијан – Џенер не се огласи на својот профил.

Имено, вчера семејството Кардашијан добија повик дека Ламар, поранешниот сопруг на Клои, е во кома поради предозирање со дрога и се наоѓа во болница. Тој бил пронајден после четири саати во јавна куќа во близина на Невада и бил префрлен во болница во Лас Вегас.

679273_odom-i-kloi-kardasian-foto-profimedia.rs_ff

Сите сестри, вклучувајќи ја и Ким, како бремена,веднаш отидоа во Лас Вегас кај што е сместен Ламар, за да му дадат подршка на него, а и на Клои.

Клои последен пат се огласила на Твитер, пред ТМЗ да ја објави жалната вест за нејзиниот поранешен маж.

 

- Реклама -