Каде треба да го бараме следниот извор на природни ресурси? Милијардерот Навин Џаин, кој се збогатил од Microsoft и неколку технолошки инвестиции, предложува да гледаме нагоре – кон Месечината. Компанијата на Џаин, Moon Express, Inc., веќе добила буџет од 10 милиони долари од NASA и планира да основа рударска операција на површината на Месечината во следните две години.
Зошто вреди да се ископува на Месечината? Бидејќи таа е исполнета со вредни метали и потенцијални енергетски извори. Според проценката Месечината содржи „20 пати повеќе титаниум и платина од било кое место на Земјата“. Плус има нешто што нема на Земјата – хелиум 3, редок изотоп кој не постои на нашата планета и за кој многумина веруваат дека е иднината на енергијата на Земјата и во вселената. „Месечината никогаш претходно не била истражувана од оваа перспектива“ вели Џаин.
Стигнувањето на Месечината би било најтешкиот дел од планот. Потоа би било лесно да се вратат извадените минерали на Земјата користејќи „соларно едро“ слично на огледало, кое би било туркано низ вселената од енергијата во сончевата светлина која ќе се одбива од него. Планот е толку добар што Џаин верува дека Moon Express би можела да започне со своите рударски операции уште во 2013 година. „Ова е ракетна наука“ вели тој, „но добро разбрана ракетна наука.“
Џаин исто така вели дека проектот е економски издржан. Најскапиот дел – стигнувањето на Месечината – може да биде постигнат за помалку од 100 милиони долари – „ситница“ додава Џаин. „Има огромна количина на непотробни трошоци во владата“ објаснува Џаин. Тој гледа можност по пензионирањето на спејс шатл програмата на NASA. „Приватните компании прават некои работи подобро.“ [The ‘self-made’ billionaire who wants to mine the moon]