Во Куманово синоќа на три локации биле запалени 11 возила.
Информацијата ја потврдија и од единицата за противпожарна заштита.
Порталот Кумановскимуабети јавува дека е приведен еден осомничен, но повеќе информации се очекуваат во текот на денот.
Пет од возилата биле на вработени во МВР.