Славниот пар се пофали на социјалните мрежи дека го очекуваат своето прво дете.
Супермоделот Криси Тајген објави фотографија на Инстаграм на која изјави дека очекуваат дете и дека таа и Џон се пресреќни. Тие долго време се трудеа да имаат дете, и сега нивната желба се остварува. Криси е во третиот месец од бременоста.
Таа се грижи за себе и за здравјето на своето бебе, а тука е и Џон кој е голема подршка за неа.
Криси веќе одамна има изјавено дека сака свое семејство. – Стареам. Сакам да се забавувам. Сакам да одам на тури со Џон. Тоа го правиме веќе 10 години, па чудно е сега кога имаме свој дом. Сепак, подготвена сум за семејство и да можам Лос Анџелес да го наречам свој град – изјави Криси.