Неколку минути пред почетокот на синоќешниот натпревар од квалификациите за ЕП 2016 кој се одигра на стадионот ЛФФ во Вилнус, се пресметаа навивачите на двете репрезентации. Имено конфликтот се случил бидејќи група англиски навивачи купила карти токму за трибината на која седеле најжестоките домашни навивачи. На тоа веднаш реагирала полицијата, групите биле разделени со тампон зона, и бил спречен понатамошен инцидент.