Домашен рецепт за мини тако

За да го подготвите овој рецепт, потребни ви се следниве состојки:

16-mini-tacos

За четири лица: 500 г. јагнешко мелено месо, 100 г. варена пченка, 3 големи тортиљи, 200 г. рендан кашкавал, 1 дл. павлака, 2 лажици сецкан магдонос, пола лажичка ким, пола лажичка мајчина душичка, 4 лажици масло, сол и бибер.

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени.Во тавче загрејте масло на средна температура, додадете мелено месо, ким, мајчина душичка и бибер и издинстајте го месото. Потоа измешајте ја варената пченка и посолете по желба. Вишокот од масло исцедете го. На секоја тортиља  исцртајте 4 големи кругови со дијаметар од 10 см. и потоа внимателно сечете. Распоредете ги парчињата на решетката за скара и печете 7-8 минути додека не заруменат. Печените тортиљи наполнете ги со рендан кашкавал и месото. Зачинете со павлака и сецкан магдонос и посолете. Наместо месо, можете да пробате и со свежи печурки.

- Реклама -