Обама: Офанзивата на Путин во Сирија демонстрира слабост, а не лидерство

Во емисијата „60 минути“ на телевизијата Си-Би-Ес (CBS), американскиот претседател Обама изјави дека воената мисија на Путин во Сирија е единствено резултат на примораноста на Русија да го поддржи загрозениот режим на сирискиот претседател Башар ал-Асад, со цел да го зачува единствениот сојузник што Русија го има во регионот.

svet-Putin-i-Obama-ne-mogu-da-se_620x0_620x0[1]

Прашањето што водителот Стив Крофт му го упати на Обама се однесуваше на загрозениот лидерски авторитет на САД во решавањето на проблемите во Сирија, во ситуација кога Русија покренува воена акција на Блискиот исток по прв пат по Втората светска војна, со посебен акцент на тврдењето дека руските авиони бомбардираат и противници на Асадовиот режим, кои се поддржани од САД.

Прочитајте и:  Курт Кембел: Кина е најголемиот предизвик во историјата на САД

„Сирија е единствен сојузник на Русија во тој регион. Наместо да може да смета на поддршката на Сирија и да ја задржи базата која ја има во таа земја, претседателот на Русија ги испраќа своите сили, својата војска за да го одржи на власт својот единствен сојузник“, одговори Обама.

На инсистирањето на Крофт дека Путин сепак го доведува во прашање лидерството на САД, Обама рече: „Доколку сметаш дека уништувањето на сопствената економија и испраќањето војска за да го одржиш на власт единствениот сојузник е знак на лидерство, тогаш јас и ти имаме различна дефиниција за поимот лидерство“.

- Реклама -