И нобеловата награда за литература оди кај…

Белоруската писателка и новинарка Светлана Алексиевич е овогодинешниот добитник на Нобеловата награда за литература, соопшти Nobelprize.org.

Одликувањето и се доделува за нејзините полифонични дела кои се споменик на страдањето и храброст во наше време.

Светлана Алексиевич е родена на 31 мај 1948 година во Украина.  Расте во едно белоруски село, а потоа учи новинарство во Минск, по што работи како новинар и учител. Од 1976 година наваму објавува бројни книги, есеи и репортажи. Меѓу нејзините уметничко-документирани книги се “Чернобил – хроника на иднината”, “Војната нема женско лице”, “Времето на секндхенд”.

Нобеловата награда, како и износот од 8 милиони шведски круни или 962 000 долари ќе бидат врачени на церемонијата во Стокхолм на 10 декември, на денот на смртта на Алфред Нобел.

Нобеловата награда за литература е основана во 1901 година, а досега наградата е доделена 107 пати.

Носителите на Нобелова награда за литература од 1901 до 2014 година се 111. Само 4 пати во историјата на наградата – во 1904, 1917, 1966 и 1974 година, со неа се удостојуваат по двајца творци. Ниту еднаш ист автор не добил два пати Нобелова награда за литература. Просечната возраст на носителите на Нобеловата награда за литература е 65 години.

svetlana

- Реклама -