НАТО се загрижени за руската активност во Сирија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека гледа „алармантна ескалација“ на руската воена активност во Сирија, откако Москва драматично ја прошири својата воздушна кампања, пренесуваат агенциите.
„Во Сирија видовме алармантна ескалација на руските воени дејствија. Ние ќе треба да ги процениме најновите случувања и техники за безбедност на Алијансата“, изјави Столтенберг за време на состанокот на министрите за одбрана на НАТО, на кој што главна тема е сириската криза.

НАТО е подготвен да ја заштити Турција и да испрати војници по потреба

„НАТО е подготвен да испрати војници во Турција, за да го заштити својот сојузник во борбата со заканата по јужното крило“, додаде шефот на Алијансата , во однос на  проблемите со турскиот воздушен простор од руски авиони кои вршат воздушни напади во Сирија.

„НАТО е подготвен и способен да ги заштити сите свои сојузници, вклучувајќи ја Турција, против секакви закани”, рече Јенс Столтенберг во Брисел.

„НАТО веќе одговорил преку зголемување на капацитетите и способностите и има подготвеност да распореди сили, вклучувајќи на југ и во Турција “, додаде тој, истакнувајќи дека воздушните напади на Русија се причина за загриженост.

- Реклама -