И мравките имаат свој Фејсбук

Не комуницираат само луѓето на социјални мрежи како Facebook.

Ентомолози од Универзитетот Стенфорд тврдат дека ако повеќето црвени мравки жетварки споделат информации со мал број “пријатели” од мравјалникот, дел од нив ги пренесуваат вестите до далеку поширок круг од мрежи. Резултатите покажуваат како колониите реагираат брзо и адекватно на предатори и различни природни катастрофи.

mravki

Штом осамне денот, мравките чувари излегуваат од дома, за да се уверат дека во регионот околу нив нема никаква закана. Ако успеат да се вратат, тие им соопштуваат на другите дека е безбедно да почнат да собираат семиња. Слично на сите мравки и жетварките користат хемиски сигнали за да пренесуваат информации. Тие лачат секрет врз своето тело. Нивните пријатели со допир со „антените“ ја примаат пораката.

Откако направиле видео на излезот на вештачки мравјалник, научниците регистрирале над 4.500 начини на комуникација. Повеќето мравки контактираат приближно 40 пати. 10% oд нив „зборуваат“ со стотина пријатели. Аналогијата со Facebook е очигледна – некои од нас комуницираат со ограничен број на луѓе, додека други имаат стотици, дури и илјадници пријатели. Токму последните ја вршат улогата на информациски штабови. Слично на нив и мравките “носат” вести во своите колонии и ги информираат “пријателите” за настаните во нивниот свет.

- Реклама -