Major League Soccer – прва паметна лига

Major League Soccer во четвртокот објави дека ќе започне со додавање на високо-техолошки системи за следење на податоци кои ќе им нудат на тренерите мерења за перформансите, брзината, срцевиот ритам и моќта на играчита.

Претставници на MLS велат дека планираат да станат првата „паметна лига“ во светот со интегрирање на Adidas Micoach Elite System со почеток од 2013. Сите 19 клубови – од кои некои го тестираат системот уште од 2010 – ќе имаат пристап до податоците.

„Технологијата се адаптира за секој играч за да можат да остварат специфични и уникатни цели за време на тренингот, врз основа на нивните силни страни и областите во кои е потребно подобрување“ изјавил Пол Гаудио, заменик претседател на Adidas Interactive. „Ова ќе има големо влијание врз начинот на кој тренерите работат со играчите.“

{youtube}WdLVIPr-USw{/youtube}

Иако технологијата нема да биде воведена во лигата до наредната сезона, таа ќе биде претставена наредната среда, 25 јули, за време на AT&T MLS All-Star Game во Филаделфија. Еве како работи: Секој професионален фудбалер ќе носи мал дата чип во заштитен џеб во дресот помеѓу рамената.

Благодарејќи на серија електроди и сензори во текстилот чипот ќе може безжично да пренесува 200 снимки на податоци во секунда од секој играч до компјутерски систем во близина. Тие информации не само што ќе овозможат податоци за перформанси туку и анализа која ќе може да биде достапна за тренерот преку iPad. Фановите исто така би имале пристап до податоците во живо.

Тренерите ќе можат да го набљудуваат секој играч, да ги споредуваат со статистиката на другите играчи или да го набљудува целиот тим истовремено. Тимот ќе може да го набљудува физичкото и психолошко влијание на секој играч за потенцијално намалување на ризикот од повреди.

- Реклама -