Портрети на војници пред, за време и по војната

Во текот на седум месеци фотографката Лалеџ Сноу фотографира портрети на британски војници пред, за време и по воената мисија во Авганистан.

Чувството на страв, чувство на смрт, носталгијата по домот, недостатокот на најблиските … се само мал дел од мислите и емоциите кои младите мажи ги споделиле пред фотографката.

„Тоа што сум жена ми помогна многу во фотографирањето на серијата портрети, бидејќи војниците барем за момент заборавија на сè и го открија вистинското лице пред мене”, изјави Лалејџ Сноу, која се реализира и како новинар и режисер на документарни филмови.

Впрочем и без да зборуваат, нивните очи говорат доволно за тагата која што ја носат во себе.

1_1443783616 2_1443783617 3_1443783617 4_1443783618 5_1443783618 6_1443783619 7_1443783619 8_1443783620 9_1443783620 10_1443783621 11_1443783621 12_1443783622 13_1443783623 14_1443783624

 

- Реклама -