Од 2016 година во Јапонија, таксито ќе биде управувано од робот

Во Јапонија од следната година, такси превозното средство ќе биде управувано од робот. Доколку овој експеримент биде успешен, такси-роботот ќе биде главно превозно средство за посетителите на Олимписките игри во Јапонија 2020 година. Се очекува проектот да го превземат ЗМП, производител на автоматизирани возила во соработка со Убер, Гугл и Форд.

Со технолошките и сигурносните препреки, Јапонија исто така ќе треба да ги промени сообраќајните закони спрема оние возила со кои луѓето ќе управуваат.

„Многу луѓе не веруваат дека автомобилите можат самостојно да управуваат, но јас мислам дека тоа ќе се случи многу порано отколку што тие очекуваат“, изјави Шинџиро Коизуми, синот на поранешниот јапонски премиер.

Еве како тоа би изгледало отприлика:

Прочитајте и:  Робот со вештачка интелигенција киднапирал 12 колеги

Влагаш у такси и му викаш на роботот, Мајсторе, носи ме негде умрев од глад! Колава те носи пред jапонски ресторан кај што нема келнери, уствари има ама роботи, за да избегнеш секаков вид контакт со луѓе. Му викаш на “Таксистот”, почекај ме 2 минути да извадам пари од банкоматот, зашто снемав кеш. И овој ти врака, ај ја за тоа време да идам до бензиска да стаам бензин пошто сум на нула. Се врака, му плаќаш 20% поевтино зошто си на повик, и чао пријатно!

- Реклама -