„СЕЌАВАЊА НА АМЕРИКА“ ЗЛАТНАТА ДРЖАВА (I Поглавје)

“…и денеска човек со право прво би помислил на висока исончана плавуша која ме пречекува во танга бикини и која само делумно го крие својот порно заводлив поглед позади бакарно жолти Гучи наочари за сонце.

Dick Major

Еднаш една мајка му кажала на својот ретардиран син “Животот е како бонбоњера, никогаш не знаеш што ќе ти се падне“.  Скоро дваесет години откако го чув ова, додека седев на клупа некаде во градскиот парк во Скопје, сфатив дека е така само ако си ретрардиран. Мајката на Том Хенкс била во право за својот син па и за мене!1

Низ глава ми калкулираа сите можни алгоритми за тоа како дошло сега јас, после еден така неверојатен живот, да седам на оваа затуцана клупа, во најзатуцаниот дел од паркот, во ова суперзатуцано Скопје, во три поручек, сам, без пари, без работа, со дете и жена и едно бедно пиво кое го лигавам за да ми дотрае до последниот дим од цигарата. Знаев дека ќе си купам уште едно пиво откако ќе станам така што станав веднаш. Набрзина ја досркав топлата мочка Амстел и се упатив до првото гранапче за уште едно пиво.

2

Ми се плеткаа и нозете и паметот додека си мумлав колку сум уствари феноменален и колку ми е неверојатна животната приказна. Како и секогаш, се чувствував како неоткриена холивудска ѕвезда која случајем околности се шета низ паркот на некој егзотичен град. Како да сум Милчо Манчевски, наоѓав причини да ја бранам тезата дека животот ми е сега поневеројатен и погламурозен отколку во ’96та, фаталната година кога започна мојата лудило авантура во Америка. Но не е баш така, никаков гламур не се споредува со сеќавањата на мојата Америка, дури ни “Македонија вечна“ на Милчо.

haha3

Можеби патешествието не ми започна во “златната држава“, Калифорнија, но таму прв пат го видов Форест Гамп, приказната за неверојатниот живот на соодветно малоумниот сеамерикански херој, погоден за секоја прилика и добар за секого, па дури и за кој било претседател на САД. Сето ова сега звучи премногу како мојата приказна, освен што јас не сум Форест Гамп и за разлика од него не можам да истрчам ни двеста метри а да не запалам цигара и да не се угасам со едно две ладни пива. Но сѐ друго е тука, сите мали пикантерии вклучувајќи го и моето познанство со претседателот на слободниот свет. Тоа се тие детали кои мојата приказна ја прават доволно добра за големото интернет платно на македонските онлајн читатели подготвени да прочитаат што има да каже оваа ретардирана будала…

Како што кажав подгоре, ќе започнам со “златната држава“.

Бев новопечен студент на размена кога во Калифорнија пристигнав сосем случајно. Претходно бев во “државата бавча“, Њу Џерси каде поминав пет прекрасни дена кај вујко ми. Веднаш потоа бев испратен во Бруклин кај првото семејство кое требаше да ме вдоми  во “државата империја“, Њу Јорк. Таму поминав четири ужасни дена со еврејско, и ни мање ни више, зионистичко семејство – замисли ти тоа! (па праќајте си ги децата да учат средно у Америка…)

4

За овие прекрасно ужасни искуства подоцна, тие се сепак премногу драгоцени за да се започне со нив. Или пак да се започне десетина дена порано со мојот прв прекуокеански лет до Америка кој беше со бугарски авио превозник чиј полузапален мотор не присили да слетаме на Малта. Таму пак пола ден заглавив на аеродром полн со ултра секси забулени женски кои знам дека знаеа дека бурките кои ги носат не можат да ги сокријат од силното медитеранско сонце. Не. Сето тоа заслужува поглавје само за себе и со своја многу посебна нарација.

5

Значи Калифорнија. Ах Калифорнија… Калифорнија има микро клима во секој автомобил. Има клима во секој дом, и секој во својот дом најлегално се прави лом. Калифорнија има и свој бонтон. Таму не е цезар салата ако нема крутон и сите се ебат без кондом. Калифорнија е света за атеисти, има безброј армиски гардисти, еколошки екстремисти, модни писти и Јапанци. Но сериозно, стомачни глисти беа повод за овој излив на ритам и рима.

А стомачни глисти ми беа следното “добредојде“. Првото што го видов во едно прекрасно, туѓо, штотуку породено гомно што го начекав во ве-це-то на моето ново прифатилиште за студенти за размена во златната држава.

6

Семејството во Калифорнија требаше да биде Ви-Ај-Пи во однос на зионистине од Бруклин. Барем така ми кажа Олга одПрилеп, мојот агент надлежен за ексчејнџ студенти од Прилеп, Македонија и пошироко. Ама јас не бев студент, бев само средношколец кој штотуку станал полнолетен и кој како Крали Марко, со сета сила отишол да заврши средно во Америка за да всушност ја покори со својот балкански шарм и прилепска харизма. Ха-ха колку се имав заебано…

haha1

Бев преморен… Бев преморен од веќе двонеделното мавтање по американските образовни институции. Бев преморен од бруклинските забулени евреи и од влажниот воздух на источната обала. Да не зборувам колку се сморив дополнително од пет и кусур часовниот лет од Џеј-Еф-Кеј до Ел-Еј-Екс.

На аеродром ме пречека мојата нова калифорниска помајка, мојата нова host mamma.

Иако зборувам за деведесетите, и денеска човек со право прво би помислил на висока исончана плавуша која ме пречекува во танга бикини и која само делумно го крие својот порно заводлив поглед позади бакарно жолти Гучи наочари за сонце. Замислував млада жена во своите доцни дваесети на која ѝ здодеал бракот со својот четириесет години постар маж, кој ете, случајно е продуцент во Парамаунт Пикчрс. Сонував мојата нова помајка од Калифорнија да биде разлигавена жмизла која смислила пакосен план да присвои средношколец од Македонија за да ѝ го мачка грбот со најлизгавото уљенце за сончање, додека лежиме, а јас истовремено учам, покрај базенот кај нивната вила, на Малибу Бич.

8

Не. Мене ме пречека Феит. Единствена причина зошто ѝ се сеќавам на името е затоа што кога ми се претстави досетливо ѝ кажав “your name is Vera from where I come from“, на што таа ми возврати, “you can call me Faith“, и ми се окези со единственото нешто што беше калифорниско на неа – нејзината насмева, пластична и врежана ѝ на избрчканото лице како расечената насмевка на Хит Леџер во улогата на Џокер.

Феит беше мала здепаста карикатура од жена. Дебелите наочари, мрсната распрепелкана коса и зејтиносаната машка мајца по кратки ракави која едвај ѝ го покриваше тронтлавиот газ, само суптилно ми навестија дека патот до славата е послан со неминовниот престојот во нивната приколка, удобно наместена на дрвени трупци во парк за приколки кој тие го нарекуваа neighborhood. Тоа беше во Оринџ Каунти, мојот иден рај под сонцето.

9

Оринџ Каунти во тоа време беше центарот на чоперските банди на западната обала. Таму е првиот Дизниленд и таму беше моето ново средно училиште, Orange County High School, home of the Panthers и исто така местото каде средно завршиле легендите од, за мене тогаш најкул бендот на деведесеттите – Offspring. Да бидам искрен, тој мал факт ми даде елан и воља да останам. Ако можат Офспринг, јебига ќе издржам и јас!

11

Али не, имаше една де-бела препрека.

Тука беше мажот на Феит на чие име не се сеќавам заради тоа што немаше ништо итар-пејовски по што би го запамтил. Гарант се викаше Мо, или така нешто неинспиративно за еден клипан како мене. Е Мо беше како брат близнак на својата жена Феит (што можеби и беа, сега кога ќе размислам вака у ретроспект). Мал, здепаст, прљав, гнасен сељак со исти дебели полутемни наочари како жена му. Имаше кратка виткана мрсна коса и долги бакенбарди. На прв поглед делуваше дека работи како ефтин интерпретатор на Елвис, но Мо работеше нешто друго. Трбухом за крухом, Мо си беше набавил вкупно четири ексчејџ студенти вклучувајќи ме и мене и си правеше пари на тој начин. Еве ја веселата математика на Мо: еден ексчејнџ студент – 200 долари месечно, пута 4 – 800 долари месечно, плус олабавување од данок кон државата. Пуна капа! Само што тие 200 долари месечно по дете што Мо требаше да ги добие беа предвидени за храна и издржување. Ама ете ти мудар Мо, Мо да ти бил смислил шизички план како да ќари од нашиот американски сон.

12

Како што од Ел-Еј-Екс пристигнав во нивната приколка, замолив да ме упатат до ве-це-то. Додека одев кон шибер вратата… Да, купатило со шибер врата, во приколка! …истата се отвори и позади неа беше Мо. Се запознавме набрзина. Му пуштив еден шерет за хелоу и како жедна камила продолжив внатре. Влегов и прво се судрив со мирисот… Како што ја видов ве-це шољата така почнав да се распетлувам. Веќе мочав кога го видов монструозното гомно што Мо заборавил да го отера у септичка јама. Но гомното не беше сѐ. Отпрвин делуваше како штотуку да почнал да ме пука трип па затоа гомното како да ми вибрираше ама кога се загледав подобро приметив дека се работи за минијатурни глистички кои се препелкаат околу запекот на газдата на приколката.

И тоа беше знак од севишниот прилепчанец на небото – ОДИ СИ!

13

Истиот ден ни беа претставени домашниот ред, мир, дисциплина и шизичкиот план на Мо. Во приколката беа тој, Феит, нивната ќерка, еве да речеме Рејчел која ми беше врсничка, еден несреќник од Германија, јас и Костадинка – уште една Македонка, несреќна жртва на нашиот агент Олга одПрилеп. Не сум сигурен како се случи и Костадинка да заглави со мене во Оринџ Каунти, но сепак морам да признам дека Костадинка беше навистина посебна. Тоа беше една коњина од девојче. Беше висока како украинска ракометарка на Металург со типичен сурат на кобила. Само ѝ фалеше грива за да ја упрегнат у некое родео. Ниту еднаш не ја видов со каков било емотивен израз на лицето. Беше тврда како ѓон од каубојска чизма и никој ништо не ѝ можеше. Ова е една ретка одлика која многу години подоцна на Костадинка ѝ даде предност во однос на вољата на македонскиот народ, кога како некаква директорка во некоја институција, го отпиша легитимниот попис на народот како мува да не ја полазила. Но тоа е некој друг муабет.

14

Сите шесторица седевме на трпезариска маса за тројца. Мо и Феит промумлаа нешто дека за некој ден треба да пристигне уште еден ексчејнџ студент, уште една кармички осакатена душа од некаде далеку. Мене ако ме праша некој, сигурно се работеше за Македонец затоа што ако Олга можеше да нѐ тутне мене и Костадинка во таа ситуација, зошто не уште еден од нашиот проверено издржлив ков.

“Фатете се за раце ве молам, треба да се помолиме“, ни рече Мо додека на масата за вечера имаше хот-дог и суви лепчиња за тост скржаво премачкани со скиселен сенф. Се фативме за раце како што сме виделе во американските филмови, затворивме очи и го слушавме Мо како се заблагодарува што нѐ има, додека се молеше и проповедаше за следниот ексчејџ студент што ќе дојде “да дојде безбедно“ Амин!

haha2

Се чувствував донекаде надмоќно кога го видов збунетото и исплашено германче. Имаше само петнаесетина години и како и мене ѕиркеше под око додека останатите паѓаа во Џизас транс. За разлика од него знаев дека имам опции. Неговиот сoкриен поглед беше премногу исплашен за да ветува некаков отпор кон ужасите кои сигурно следуваа во приколката на Мо и Феит. Можеби германчето беше правнук на Аикман или Менгеле или нејваројатно на Клаус Барби па затоа космосот фино и заслужно го беше сместил тука, во малата куќичка на хоророт на Мо, да пати и да плати за злоделата на своите славни претци. Беше физички малечок како да беше шесто одделение, имаше креч бело пегаво лице и бистро зелени ококорени очи. Изгледаше како престрашено германско војниче за време на руската окупација на Берлин во ’45та.

16

Почнавме да вечераме кога Мо шизикот ни обелодени дека освен тоа што е широкоград и дека ова што го прави го прави за нас, несебично навести дека секој од нас четворица, вклучувајќи го и тој за којшто се молевме да дојде безбедно, ќе мора еднаш неделно да купи, да направи или на некој начин да обезбеди вечера за сите седум души во приколката. Ете, тоа беше остроумниот план на Мо, и волкот сит и овците гладни. Брзо после вечерата се повлековме во нашите одаи. Јас бев во една мала просторија која едвај го собираше креветот на спрат што го делев со сиротиот потомок на (веројатно) Клаус Барби. Дури ни куферот немав каде да го ставам освен под нозете додека спијам.
Светлата ни беа изгаснати во десет вечерта.

Утредента направивме муабет со Костадинка.
Слобода или Оклахома, тоа ни беа опциите. Но ниту јас ниту Костадинка не сакавме да одиме во Оклахома кај Олга одПрилеп. По самото име на државата знаевме дека Оклахома е вукојебина, а да не збориме за тоа што знаевме дека во Оклахома се завршува. Никој не избира да оди таму како да е премија локација. Сакавме да останеме во Калифорнија по секоја цена! Така се договоривме со Олга одПрилеп и така требаше да биде.

Тогаш бев дете. Се чувствував мал и загубен, без поддршка или насока. За разлика од Костадинка, скришно пуштив две три крокодилски солзи, свртев два три телефона со баба ми и дедо ми и добив совет, “Уздај се у’се и у своје кљусе“. Тогаш не сфатив што точно значи тоа, но знаев дека како што не знам да му се спротиставам на татко ми и да му кажам дека сакам дома, јабига морав да му се спротиставам на Мо. И тоа и се случи. Целата лутина која ја имав од страв да му се јавам на татко ми, му ја учукав на Мо во левата аркада која рокна како да сме пред дискотека у Скопје. Јебига, пораснав у Карпош 4.

17

“Ало Џорџ, вака и вака, ваму и ваму сум“, му се јавив на сопственикот на средното Американско училиште во Скопје каде претходната година завршив трета средно. Џорџ беше наш човек, Македонец кој живееше само пет-шеесе’ миљи подалеку во Лос Анџелес. Џорџ всушност направи лансирна платформа од Македонија до Америка за таквите како мене и, ми се чини, едвај чекаше да му се јавам. Дојде за некои си саат-саат и кусур и добро е што и самиот не му ја зачука една на мадерфакер Мо, кој пак од кој знае кои илегални причини не викна џандари. Можеби криеше мртви тела на ексчејнџ студенти во септичката јама под приколката. Можеби затоа не пушташе вода…

Како во типичен амерички трилер, Џорџ веднаш праша дали сум сам на што му укажав на Костадинка која веќе беше спакувана и стоеше пред приколката.

18

Ја земавме и неа и влеговме во колата. Чкрипејќи заминавме оставајќи го сиротото германче во ретровизорот.

Џорџ беше добар човек. Ни помогна веднаш и тоа кога најмногу ни требаше спасување. По пат не частеше Тако Бел и додека си кажал “чимичанга“ стигнавме кај него дома во северен Холивуд. Самото име на маалото ми укажуваше дека сум веднаш јужно од мојата феноменална кариера како супер ѕвезда. Низ глава ми поминуваа сите можни сценарија. Кога ги одминувавме модерните зданија на Лос Анџелес, скриени позади високите палми и големиот “HOLLYWOOD” знак на брдото, веќе се чувствував како рок-ен’рол фронтмен чиј антиталент за пеење е токму она што го направило славен. Хеј, па ова е Америка – сѐ е можно! На колкумина само им успеало на таа финта!? Зошто да не помислам дека ќе станам голема ѕвезда!? На крајот на краиштата, на триста метри од куќата на Џорџ наводно живееше Синди Лаупер.

19

За разлика од мене, Џорџ не го сонуваше туку го живееше американскиот сон. Беше наставник по физичко во некое средно во северен Холивуд. Прв го започна лукративниуот бизнис на америчка едукација на македонските младинци во Скопје во раните девеести – јадицата на која се фатија и моите. Не е наставничката плата таа што му направи пари туку поамериканизувањето на македоската младина. Можеби грешам душа, сепак сум му многу благодарен на Џорџ, но морам да потенцирам дека тој почна да ја сервира Америка на македонската младина уште пред претседателот Киро Глигоров свечено да го отвори првиот МекДоналдс во Скопје. Од друга страна пак, заради таквите како него има вакви “Форест Гамп“ прикази кои безделничат по клупите во Скопскиот парк.

Џорџ живееше во цакана розева куќичка на брдце. Со две мали дечиња и својата жена која беше прописна калифорниска рибетина. Сузана беше Македонка. Од нашите неколку средби во Скопје ја познавав како скоцкано жениче, но оваа Сузана во северен Холивуд беше нешто сосема различно. Сузана калифорниканката беше сето она што го очекував кога слетав на Ел-Еј-Екс. Не беше висока женска, но беше женска ипол. Не беше ни убава женска, но која порно глумица е стварно убава. Калифорнија од Сузана беше направила дефиниција за вруча комшиница и во северен Холивуд Сузана беше сето она што го криеше кога беше жената на сопсвеникот на американското училиште во Македонија (што исто така звучи похотно и заводливо – точка!). Ги исполнуваше сите критериуми за фразата која токму тогаш почна да станува најбараниот порно акроним на интернет, “Мom I’d Like to Fuck”. Не дека Сузана навистина беше порно глумица, с’краја да е, но беше мајка, беше бакарно засунчана, мирисаше на перуника и телото од кое криеше само два посто под силното калифорниско сонце, постојано беше отворено за моја обсервација и фантазија. МИЛФ. Сузана дефинитивно беше опака милферица. Мојата десна рака и пенисот се сложуваат дури и сега кога го пишувам ова. За жал, на оваа дистанца од скоро дваесет години не можам најбистро да ѝ се сетам на лицето. Ама пак кој го гледа тоа. Лицето е само формалност. На газот и на сочните бутини им се сеќавам како да сум сега таму, како повторно да ја гледам додека најјебозовно се премачкува со уљенце за сунчање.

20

Џорџ не смести кај него дома. Куќата беше доволно голема и Костадинка и јас имавме свои соби. Сакав да останам таму. Ми беше убаво и немав потреба да трошам пари на разголени списанија, присуството на Сузана се погрижи за тоа. Џорџ пак, од една страна беше загрижен за нашата иднина, но и за својот брак од друга. Сепак, јас и Костадинка со само еден телефонски повик му се убацивме дома и му го разбуфтавме спокојството.

Поседев таму некое време, некои недела дена вкупно. Костадинка сфати дека јас имам предност и прва попушти пред понудата да замине за Оклахома така што ја снема веднаш. Have a nice flight to Oklahoma City Kostadinka, ама јас не се давам, Калифорнија по секоја цена! Џорџ бараше опции да останам, бараше училишта и семејства да ме примат. Барем така ми кажа. И верувам дека беше така сѐ додека едно попладне не нѐ фати со Сузана како се сунчаме покрај маалскиот базен. Не знам дали беше мојот дркаџиски поглед кон неа што го предомисли да останам кај нив или тоа што преку мојот поглед ја виде неоткриената порно глимица во мајката на своите деца. Порно глумицата која јас лично ја открив седум осум години подоцна, кога ја сретнав среќно разведена и во посета на нејзините родители во Скопје. Да да, и тоа се случи!

Калифорнија, наводно, во тоа време имаше закон кој гласеше дека кој било полнолетен студент од странство не може да добие диплома туку само потврда за завршена четврта година средно! ЈЕ-БИ-ГА! Тоа беше мојата судбина. Да прифатев само потврда за завршена четврта година ќе морав да учам средно два пати за да добијам диплома и да можам да запишам факултет. И колку и да бев подготвен на тоа, по цена на живот во северен Холивуд и по цена на Сузана покрај базенот секој ден, тоа не беше опција… за мојот татко! Еден муфљуз како мене ќе го прифатеше тоа и по цена на автограм од Синди Лаупер во тоа време.

21

Џорџ се фрли на телефон со Олга одПрилеп. По моите преколнувања како и сугестиите на Сузана, успеа да ми ја договори Флорида. Феникс. Дизниленд два. Супер. И Флорида имаше нешто златно во името, “The Sunshine State”. Секако звучи подобро од “ранобудната држава“, Оклахома. Ок си реков, идам на Флорида. Кој ти знае дали е Пацифик или Атлантик, бутај македонче, само да не е Оклахома!

Но не бев готов со Калифорнија и со мојот престој во Ел-Еј. Имав осумнаесет години и уште дваесет и четири часа.
Сеуште не знам кој ме намести, дали Џорџ или Сузана, но секако едниот од нив е крив што ја открив најдобро чуваната македонска тајна – комшија им беше еден охриѓанец кој беше геј! Има геј охриѓани, и се кријат во златната држава!!!

Не му се сеќавам на името на комшијата, но штом е охриѓанец ќе го крстиме Климе, а штом е геј ќе го прекрстиме во Зоки. А штом е геј охриѓанец ќе биде Зоки со “Ќ“. И со Зоќи ме наместија да заглавам цела ноќ пред судбоносниот пат до Флорида.

Зоќи буквално живееше карши улица. Розевата куќичка на Џорџ и Сузана секако подобро ќе му стоеше него, но сега кога ќе размислам, Зоќи беше повеќе охриѓанец отколку геј, така што сепак не! Го запознав два три дена претходно кога се акавме низ Венис Бич и мојата во тоа време сеуште детска наивност не успеа да ми навести дека се работи за човек кој мене ме гледа како што јас ја гледав Сузана.

Како да ме земаат за матурска, дојдоа Зоќи и еден негов пријател чиј лик во моите сеќавања денеска многу ме потсетува на Бруно Марс. Така што ајде, нека се вика Бруно. Значи Зоќи и Бруно. Ме земаа и ме седнаа на задното седиште од џипот кабриолет на Зоќи. И беше џип како “Jeep“, и тоа со теренски гуми и со цевка за дишење, а не џип како џиповите во новокомпонована Македонија кои не можеш ни на Козјак да ги возиш со нивните нископрофилни урбано шминкерски гуми. Зоќи бре беше охриѓанец и беше геј до јаја. Тоа веднаш ми го даде до знаење кога на една раскрсница мртов ладен најмушки си го залапа Бруно како да е најпопуларната женска од охридски варош. Малку бев забезекнат од глетката, но сепак бев отворен за нови разбирања за охриѓаните. Денеска веќе ништо не ме изненадува во врска со Охрид и охриѓани.

22

Ме однесоа во еден бар кој се викаше “Дрезден“. Го знаев тоа име од некоја лекција по историја или географија… Година дена подоцна бев воодушевен кога го видов истиот кафич со истото име и со иститот музички аранжман во еден мал инди филм “Swingers”, кој во главни улоги ги имаше Џон Фероу, инаку денеска познат глумец и режисер на Ајронмен, заедно со Винс Вон и Хедер Грем. Неверојатно! Ни самиот не можам да замислам колку ми било јако што во мојата глава бев дел од холивудската филмска инди сцена со самото тоа што бев гостин во истиот бар, со истите музичари како и тие од филмот, и во истата година кога излезе филмот! Стварно! Веќе не бев чекор до холивудскиот гламур, бев во него. Само нажалост не ме фатиле во кадар. Па па паа… Готово. Па уште и со геј двојка – крај! Холивуде, here I come!

Зоќи и Бруно ме начукаа прописно. Викам ме начукаа заради тоа што сепак не бев доволно стар да пијам алкохол по кафани во Америка ама Зоќи и Бруно частеа и ми подметнуваа пијачки во чашата кока-кола како да им е задња шанса да ми го опнат. Имаа по четириесетина години и само можам да замислам како им изгледав. Тогаш не бев ни приближно дебел како денес. Имав долга коса гишовача и од моите ватерполо тренинзи бев извајан како Давид на Микеланџело. Бев совршено граден висок млад дечко и имав тврд акцент. Тој јебозовен детал секако важи за Бруно, но и за Зоќи за кого пак имав скопски акцент. Ви текиња!? Секси, нели!?

Колку и да бев пијан и отворен на нивниот геј муабет сепак безбедно завршив дома во пет саат сабајле. Спиев два-три саата и ме разбудија вештачките пластични нокти на Сузана додека поминуваа низ мојата коса. Едвај станав, но бев возбуден заради тоа што Флорида не чека никој. Џорџ беше на работа и Сузана требаше да ме носи на аеродром.

23

“Буди се дечко, идеме!“ сега строго ми викна Сузана далеку од кујната.

Станав, си ја спастрив косата и онака полугол отидов да видам што ѝ е муабетот. Децата веќе беа отидени кое во школо кое во градинка, а Сузана од класична порно домаќинка сега беше дотерана во типична Степфорд жена. Толку беше дотерана во комунистичко костимче што не можев да ѝ ја најдам логиката, барем не во таа жега.

Сузана и нејзината непотрбна наоблеченост беа безбедни во микро климата на нејзината кола. Без коментар или непотребни муабети ме однесе на аеродром и пред да ме поздрави ми кажа “Среќен ти пат. Брзам. Јави се ако имаш проблем. Се гледаме во Скопје. Се надевам…“.

Додека заминуваше, Сузана ми мафна од отворениот прозорец и ја снема позади првата кривина. Се качив на авион и полетав за Феникс.

24

Знаев дека таму ме чекаат поубави нешта. Знаев.

(следното поглавје за 2 недели)

- Реклама -