Холандските власти денеска објавија уред кој е во состојба да прави најголеми вештачки бранови на светот, со цел да се тестира силата на различни видови насипи и друга заштита против бура.
„ Сакавме да ја тестираме силата на брановите кога ќе надојде силна бура“, изјави холандската министерка за инфраструктура Мелани Шулц ван Хаген.
Уредот, кој има метална плоча од седум метри што ја управуваат специјални клипови, може да направи бранови со должина до 300 метри, ширина до пет метри и длабочина до девет и пол метри.
Уредот има резервоар со девет милиони литри вода, односно капацитет на четири олимписки базени со пумпа со брзина од 1.000 литри во секунда.
Холандија, во која половина население живее на ниски подрачја, има добри експерти за заштита од наплив на вода и бури.