Автомобилот кој сигурно е еден од главните обележја на СФРЈ, но и 80-те години е составен на 2 октомври 1978 година, а во производство е пуштен истиот датум, две години подоцна.
Овој автомобил се појавува и во бројни филмови и песни: „Умри машки 3“, „Симпсонови“, „In a Yugo“…
Колку и да го сакаат луѓето, постојат стотици вицови за автомобилот. Пренесуваме дел од нив.
*Зошто возачите на Југо никогаш не носат карти?
-Никогаш нема да стигнат толку далеку за да залутаат.
*Зошто југото има грејачи на задното стакло?
-За на зима да не ви се смрзнат рацете додека го туркате.
*Што се наоѓа на задните две страни од упатството за користење на Југо?
-Возен ред на градските автобуси.
*Која е разликата меѓу сопственик на обично југо и спортско?
-Сопственикот на спортско југо носи „Најк“ тренерка.
*Како се викаат кочниците на југо?
-Дополнителна опрема.
*Како да ја зголемите цената на вашето југо?
-Наполнете го резервоарот.
*Југото е дизајнирано за петорица луѓе. Еден да седне на шоферското место, останатите четворица да туркаат.
*Што се распаѓа побрзо од Југо?
-Земјата што го произведува.
*Која е најголемата желба на сопственик на Југо?
-Да си купи кола.
*Што прават со југовците на отпад за автомобили?
-Ги рециклираат во лименки – еден Југо, една лименка.
*Како да постигнете југо за 10 секунди да забрза до 100 км. на час?
-Турнете го од врв на брдо.
*Како да постигнете југото да вози побрзо низ брдо?
-Изгаснете го моторот.
*Како да надградите Југо?
-Ставете мотор внатре.
*Како се вика југо на планински врв?
-Чудо.
*Како звучи моторот на Југо кога ќе убациш во трета брзина?
-Немоооој
*Што се слуша кога ќе ја затвориш вратата од Југо?
-Посилно!!!