Сите детали за Porsche Mission E

Од Porsche понудија неколку видеа, со кои целосно се откриваат деталите за Mission E. Концептот со радикален надворешен дизајн и голем број технички новини, беше прикажан за прв пат на пошироката јавност за време на автосалонот во Франкфурт пред неколку дена.

Она што пристигна по саемското деби е дека иновативниот концепт има погон на сите четири тркала, брзото полнење до 80 проценти од капацитетот на акумулаторите може да биде за само 15 минути, а со едно полнење на машината може да помине и до 500 кмилометри. Според производителот, моќноста на погонот на машината е 600 КЅ, а забрзувањето од место до 100 km/h се случува за само 3,5 секунди.

Меѓу најинтересните технички новини за Porsche Mission E е безкабелскиот индукциски полнач. Машината има фелни со големина 20 и 21 инчи, направени од карбон, а каросеријата и е комплетно алуминиумска.

- Реклама -