И додека Кина и Индија напорно работат да го запрат големиот наталитет, Европа заслужено продолжува да го носи прекарот „Стариот континент“, но во контекст на просечната старост на населението.
Ситуацијата е мошне сериозна во Данска, земјата која има една од најниските стапки на новородени. И покрај огромните права и привилегии што ги имаат мајките во оваа држава, во просек раѓаат по „само“ 1.7 дете, што е недоволно за одржување на бројот на семејствата над границата на потребното.
Токму таквата ситуација се покажа како одлична почва за новата кампања на „Spies Rejser“ – данска туристичка агенција, која за само неколку дена постигна феноменален успех и над 11 милиони прегледи на Youtube.
Мотото им е „Направи го тоа за мајка ти. Направи го за Данска“. На кратко, нивниот рецепт за проблемот со наталитетот е следен:
Ставате збор-два за проблемот на Данска со малиот наталитет. Ја вадите власта од манџата и посипувате потенцијално решение. Добро го промешувате со малку статистика и научни факти што сугерираат дека патувањето, викендите и одморите ги зголемуваат шансите за секс. Посолувате мало потсетување дека што повеќе секс води кон поголеми шанси за дете. За тоа време, земате мајка во поодминати години и ја посипувате со идеја за внуче. Добро и ги промешувате сентиментите, а потоа ја ставате да крчка во манџата. По некои две минути, мајката сфаќа дека е супер идеја да му/и уплати одмор на синот/ќерката одмор, а по некоја година, кога манџата ќе отстои, вие сте ја спасиле Данска.
Впрочем, рекламите се многу позабавни отколку што ги опишавме. Бујрум сами да си видите:
Има еден мал проблем. После ваква добра кампања, онаа нашана за трето дете на ништо не личи.