Не сме саде ние: И парижани претежно живеат со родителите

Од почетокот на економската криза во 2008-та, секој втор жител од парискиот регион, на возраст од 20 до 29 години, живее со родителите и после 25-тата.

livingwithparentsАнкетата на статистичкиот завод Insee покажува дека најголем процент од младите кои сé уште го немаат напуштено домот на родителите во Париз и околината се студентите – 76 отсто. Зад нив се невработените – 62%, а најмал е процентот кај вработените – 39%.

Во периодот помеѓу 1999-тата и 2006-тата, младите од парискиот регион го напуштале родителскиот дом, во просек, на возраст од 24 години и 5 месеци. Во периодот од 2006-та до 2011-та, Парижани најчесто се осамостојувале на возраст од 24 години и девет месеци.

Прочитајте и:  Зимата и затворениот прoстор значат поголема опасност од мувла

Во француската провинција ситуацијата е поинаква – таму младите генерално го напуштаат домот со наполнети 22 години.

Во Британија пак, се очекува дека повеќе од половина од младите од следната генерација ќе живеат со родителите.

- Реклама -