FitnessCorner: Чумата на 21виот век – нездравиот начин на живот

Сметам дека еден од најголемите хендикепи на современото општество е недоволната информираност и едукација, поготово за области и теми кои недоволно или воопшто не се споменуваат. Една од таквите теми е (не)здравиот начин на исхрана и нејзината поврзаност со современите болести.

Имам забележано дека голем дел од младите, не само во Македонија туку во целиот свет, се хранат нездраво и изгледаат нездраво. Имаат прекумерна тежина и воопшто не ги засега како тоа влијае на нивното здравје. А оние кои не се со прекумерна тежина (ако гледаме низ призмата на килограми во бројки) а сепак имаат вишок на телесни масти, не спаѓаат во онаа “сигурна” здрава категорија, и вишокот масти се потенцијална опасност за здравјето.

598849_10150861855737634_645279074_n

Една работа која МОРА да ја разбереме е тоа дека се што е негативно во врска со вашето тело, здравје, самодоверба е поврзано со НАЧИНОТ НА ИСХРАНА.
Која е една од причините за една многу честа (современа) болест која се повеќе и повеќе се развива кај помладата популација – дијабетис ? Со конзумирање  поголема количина на рафиниран шеќер (која е главна состојка на сите слатки и пецива) кои го зголемуваат нивото на шеќер во крвта и инсулинот постојано се лачи; оштетувањето на телото е до онаа точка каде што престанува природно да лачи инсулин и станувате зависни од синтетички инсулин (ова важи за дијабет тип 1 , има различни типови на дијабетис и од тоа зависи состојбата). Се ова е поврзано со (лошиот) начин на исхрана.

Ако имате висок крвен притисок или висок холестерол, една од можните причини е дека се храните лошо и  веројатно немате никаква физичка активност. Високиот холестерол всушност не доаѓа од холестеролот кој се конзумира преку храната – тоа е произведено од телото за да помогне за `поправање` на штетата која лошиот начин на исхрана ја прави на артериите. Ова најчесто се добива со конзумирање на многу заситени масти и прости шеќери (благо, пржено, преработено итн). Повторно поврзаност со начинот на исхрана.

Високата концентрација на масти во крвта (Триглицериди, лош холестерол (LDL), добар холестерол (HDL)) и високиот крвен притисок најчесто се резултат на лошиот начин на исхрана и немањето на физичка активност. Континуираното конзумирање на нездрава храна доведува до постепено зголемување на овие вредности во крвта, бидејќи нашиот органазам не е доволно способен да ги преработи сите тие големи количини кои во континуитет  му се сервираат.
dayalkalinity-food-chart-acidic-drinks-1364988831

Научно е докажано дека канцерот/ракот е болест која е тесно поврзано со (лош) начин на исхрана. Ракот се развива САМО во токсична/киселинска средина, а која е една од причините за таква токсична средина ? ЛОШИОТ НАЧИН НА ИСХРАНА. Истата храна која создава вишок масни наслаги исто така создава токсична средина која е оптимална за раст и развиток на канцер. Не сакате да создадете средина која е токсична ? Не сакате да се оптимизира создавањето/растот на рак ? Не правете таква средина во телото, престанете да конзумирате храна која е богата со рафинирани шеќери, заситени масти, кознерванси, емулгатори, вештачки бои и засладувачи (брза храна, слатки, пецива, газирани и преработени сокови,

НЕЗДРАВИОТ НАЧИН НА ИСХРАНА И ФИЗИЧКА НЕАКТИВНОСТ ГО ЗГОЛЕМУВА РИЗИК ФАКТОРОТ ОД ПОЈАВА НA: ЛОШО РАСПОЛОЖЕНИЕ, ЗГОЛЕМЕН КРВЕН ПРИТИСОК, ВИСОК ХОЛЕСТЕРОЛ, ГАСТРИТИС, ОШТЕТУВАЊЕ НА ЦРНИОТ ДРОБ И БУБРЕЗИ, ЗАБРЗАНО СТАРЕЕЊЕ, РАЗВИВАЊЕ НА КАНЦЕР, ДИЈАБЕТИС, СРЦЕВИ БОЛЕСТИ, СРЦЕВ И МОЗОЧЕН УДАР, НАМАЛУВАЊЕ НА СЕКСУАЛНОТО ЛИБИДО
Погоре наведените заболувања се меѓу најчестите на денешницата, но истите се и превентивни , што не мора да значи дека секој може да ги има или дека тоа е генетски предодредено. Голем дел од тоа е во наши раце. Како ? Преку воведување на здрав животен стил, кој не треба да претставува обврска, туку напротив, грижа за себе и сопственото здравје.

junk-food-19637608

 Голем број на научни истражувања докажуваат  дека со конзумирање на здрава храна ( поголем протеински внес, умерен внес на сложени јагленохидрати и здрави масти, правилно распределени, помали 4 до 5 оброци во текот на денот ) и практикувањето на редовна физичка активност, ги намалуваме ризик факторите за појава на горенаведените заболување, а со тоа го подобруваме квалитетот на нашиот живот, овозможувајќи си подолг здрав животен век.

 

 

 

 

 

 

 

- Реклама -