Посна бајадера со кикирики

Рецепт за највкусна посна бајадера.

bajadera

Состојки:

1 кг шеќер

300 гр маргарин

300 гр печени и мелени кикирики (може и со ореви)

500 грама мелени посни бисквити

200 грама чоколадо за готвење

30 лажици вода

Подготовка:

Растопете го шеќерот со 30 лажици вода, па додадете 250 гр. маргарин, кикирики и бисквити, па сето тоа добро измешајте го.

Смесата поделете ја на два еднакви дела. Во едниот дел ставете 100 грама стопена чоколада, а другиот оставете го каков што е.

Во тава подмачкана со маргарин или обложена со фолија се става прво потемниот дел, се измазнува, па потоа се става посветлиот фил и на крај се прелева со чоколадна глазура.

За глазурата е потребно 50 грама маргарин истопен со 100 грама чоколадо, но внимавајте да не ви зоврие.

Глазурата нанесете ја врз бајадерата и оставете ја да се стврдне во фрижидер.

- Реклама -