Пејачката Уснија Реџепова, по долгата борба со ракот на белите дробови, почина во Белград на 73 годишна возраст.
Таа е родена во Скопје, на 8 август 1943 година, а се прослави пеејќи врањански песни и 25 години на сцената на Народниот театар во Белград ја играше Коштана.
Ќе остане запомнета по хитовите „Казуј крчмо џеримо“, „Због тебе мори Лено“, „Од Ниша до Врања“ и многу други.
Реџепова ќе биде погребана во родното Скопје, а за неколку дена ќе биде одржана комеморација во Белград.