Во Англија и Велс денеска стапи на сила забраната за пушење во автомобили во кои се наоѓаат деца.
Според законот, секој кој пуши во автомобил со дете помладо од 18 години ќе треба да плати казна од 50 фунти. Возачот ќе плати иста казна дури и ако не пушел тој.
Оваа мерка не е воведена во Шкотска и Северна Ирска.
Полициските службеници велат дека на почетокот ќе се применува едукативен пристап во спроведување на прописот, без конфронтација со возачите.
Здравствените експерти веруваат дека ваквата забрана ќепридонесе кон подобра заштита на децата од ефектите на пасивното пушење.
Забраната важи и доколку се отворени прозорите на автомобилот, а не се применува на кабриолети, доколку покривот на возилото е спуштен на прописен начин.