Во градот Гент во Белгија, уште од средниот век пејзажот околу манастирот Свети Петар го красат прекрасни зелени ливади и шумички и плодни винови насади. Токму оваа локација ја избрал италијанскиот уметник Масимо Бартолини за да го инсталира своето уметничко дело кое преставува библиотека на отворено.
Долгите полици преполни со книги од секој вид всушност се продожение на редовите винови насади и симболично прествавуваат дека книгите се исто толку вкусни како плодот што го даваат виновите лози.
Дизајнот е дел од уметничкиот фестивал “Track: A Contemporary City Conversation”, а е инспириран од старите средновековни библиотеки полни со печатени книги и пергаменти.