Австрија се закани со затворање на границите

Министерката за внатрешни работи на Австрија, Јохана Микл-Лајтнер предизвика реакции со нејзината изјава дека ако Германија ја затвори границата и се создаде голема бројка на бегалци, тогаш Австрија ќе ја затвори границата и ќе употреби сила.
Министерката не сакаше да ги коментира најавите на Германија дека ќе ги суспендира вондредните возови со кои Австрија ги пренесува бегалците во Германија, само накратко објаснувајќи дека тоа е од интерес на криумчарите.

Микл-Лајтнер само потенцираше дека е потребно трајно европско решение за големата бегалска криза.

begalci-avstrija-sila-tocka-2015-01

„Мораме да бидеме свесни дека, ако нема меѓународно решение, постојат само две можности – да продолжиме како и досега, или пак да воведеме построги мерки на границите, а тоа значи употреба на сила“, објасни Лајтнер.

Прочитајте и:  Австрија ја прогласи целата земја за ризична област поради појава на птичји грип

Според неа, доколку дојде до зголемување на бројот на бегалците, тогаш единственото решение е целосно затворање на границите.

- Реклама -