Каде би биле денес, ако интернетот не постоеше?
Веќе речиси не може да се замисли животот без виртуелниот простор. За волја на вистината интернетот ни го олесни животот во многу сфери – особено во протокот на информации, каде самите можеме да ја согледаме објективната вистина информијарјќи се на повеќе места, како и бесплатната комуникација со сите страни на светот.
Сепак, некои работи предизвикуваат кај нас носталгичност за ерата пред интернетот. Еве дел од нив.
Игрите надвор, за кои нема потреба од електронски гаџети.
Виткањето на кабелот од телефонот на прстот додека разговараме.
Стсикањето палци да не се јават родителите на симпатијата кога и ѕвониме на фиксен.
Пораките што кружеа на ливчиња, за време на часовите.
Испраќањето на писма по пошта.
Новогодишните шарени честитки со светки.
Проверување факти низ страниците на дебелите енциклопедии.
Проверка на телевизиската програма во весник.
Јавувањето во радио за нарачка на омилената песна, и чекање со часови за да ја пуштат… и тогаш, сите го мразевме водителот што збори сред песна, бидејќи логично истата ја снимавме на касети.