Најдобри летни фризури

Високите летни температури забрануваат употреба на фен, а кога ќе ја исправите косата на фризер, таа се витка од потта и од влагата. Сепак, нема потреба да очајувате, затоа што постојат повеќе летни фризури за кои не се потребни фен, пегла, фигаро или скапи фризерски третмани.

Слоевито

Ако сакате да имате фризура околку која нема многу да се грижите секојдневно, тогаш рецептот на Камерон Дијаз е совршен за вас. Тајната е во слоевитото шишање. Оваа фризура им прилега на сите жени со четириаголно лице, затоа што меките прамени со неправилни форми ги ублажуваат линиите на лицето.

Секси бранови

Виклерите може да ви бидат од голема помош, за да не мислите постојано како ви стои косата. Доволно е само влажните прамени да ги навиткате со гумени виклери, што ќе ги држите на главата додека косата природно не се исуши.

Коњски реп

Без оглед на тоа дали имате кратка или долга, права или кадрава коса, коњскиот реп секогаш изгледа елегантно. Наведнете ја главата нанапред, со едната рака соберете ја целата коса и држете го репот, а со другата чешлајте ја додека не биде затегната и мазна.

Кратко

Мишел Вилијамс, Ема Вотсон и Ен Хетавеј покажуваат дека и кратката коса може да биде целосно женствена. Овие фризури ги откриваат сите црти на вашето лице. Одржувањето е навистина лесно, а единствениот проблем се честите посети на фризерот, без кои косата нема да изгледа уредно.

Ниска пунџа

Ако немате многу време, а сакате да изгледате модерно, тогаш пунџата е идеалното решените. Разделете ја косата на страна, врзете реп, а потоа обвиткајте ја косата околу него. Ако сакате да постигнете уреден изглед, користете лак за кога или гел, а ако сакате да изгледате полежерно, тогаш намерно благо растурете ја пунџата со рацете.

Смела асиметрија

Асимтеричните фризури се модерни, но ако не сте доволно смели, тогаш внесете асиметрија само во шишките. Ако косата ви е кратко и асиметрично ишишана, може да играте со патецот и така да ја менувате фризурата постојано.

[Najbolje letnje frizure]

- Реклама -