Од американската компанија Apple истакнуваат дека за три дена успеале да продадат 13 милиони уреди од нивните мобилни апарати iPhone 6s i 6s Plus, со што го собориле рекордот во споредба со лани.
Имено, минатата година во првата седмица компанијата продаде 10 милиони, па така деновиве Аpple има добра причина да „трие раце“.
Овогодинешните резултати ја опфаќаат продажбата во Кина, каде на пазарот е пуштена првата линија на модерните уреди. Од компанијата истакнуваат дека станува збор за модернизирани телефони со повеќе меморија, побрзи процесори, нова мегапикселна камера, а сето тоа по цена од 649 американски долари.
Се очекува најновите телефони на Apple да бидат достапни наскоро за продажба во 130 земји низ светот.