Не толку затоа што се глупави и нечесни (какви најчесто се), туку поради обемот на нивната работа, кој е премногу голем дури и за најдобрите меѓу нив. Тие можат да го намалат социјалното зло, но не и да го искоренат. Колку и да е суштинско подобрувањето секогаш ќе има група луѓе или барем еден човек, за кои тоа ќе биде неповолно.
Светот е несовршен. Златен век немало и нема да има. Единственото што ќе се случи со него е да станува преполн, без да се зголемуваат неговите димензии. Колку и праведно да се дели колачот, неговите парчиња ќе стануваат се помали.
Во светлината на ова (или поточно во сенките) управувајте сами со домашната кујна, својот свет или барем делот што ви е достапен. Дури и тогаш бидете подготвени дека сопствената пита нема да ви стигне. Подгответе се за благодарност и разочарување.
Јосиф Бродски, руски поет и есеист