Ни го претставија како бескрупулозен диктатор, ама Моамер ел Гадафи успеа да ја претвори Либија, која беше една од најсиромашните земји во Африка, во една од земјите со највисок стандард на „црниот континент“.
Кога почна либиската револуција, медиумите создадоа слика за супер-негативец и диктатор кој го угнетува сопствениот народ. Денес станува очигледно дека реалноста била малку поинаква и дека медиумите наголемо се воделе по правилото „не лажам, туку ја преќутувам вистината“. Аргументот го има и на хартија – последните истражувања покажуваат дека огромен број Либијци жалат за времето на Гадафи.
Системот кој Гадафи го воспостави со доаѓањето на власт, на пример, гарантираше бесплатно образование и заштита за секој Либиец. Пред Гадафи, 25% од населението беше неписмено, а денес 25% се луѓето со факултетски дипломи. Вкупно 83% од Либијците читаат и пишуваат. Оние пак што сакаа да се школуваат во странство или им беше потребно лекување надвор од границите на Либија, добиваа парична помош од државата, во која беа вклучени сите трошоци и дополнителни 2.300 долари за сместување и превоз. Секој Либиец што не можеше да најде вработување по школувањето, пак, добиваше парична помош во висина на просечната плата во таа професија.
На Гадафи му замеруваа дека ги крши човековите права. Но, истиот тој „диктатор“ одбиваше да добие куќа за неговото семејство сè додека секој Либиец не добие покрив над главата. Токму од тие причини, таткото на Гадафи починува живеејќи во шатор. Гадафи сакаше и свадби. Младите брачни парови добиваа по 50.000 долари за да им се помогне да купат стан и да основаат семејство. Жените, за секое родено дете, добиваа по 5.000 долари.
Во негово време, Триполи беше симбол за луксуз; денес – не баш. Тој ја остави Либија со нула странски долг и со девизни резерви од 150 милијарди долари, кои со почетокот на револуцијата завршија како замрзнати средства ширум светот. Сеедно, додека траеја добрите времиња, дел од парите заработени од продажба на нафта (главниот извозен артикл на земјата) завршуваа на сметките на сите граѓани.