Сирија, официјално „Сириска Арапска Република“, заглави во војна која трае повеќе од четири години, па денес е тотално уништена држава.
Во најдобар случај ќе и бидат потребни уште неколку децении да се изгради повторно и да се промени сликата.
Низ неколку фотографии можете да ја погледнете другата, помалку позната страна на Сирија, која до 2011 беше земја на голема култура, каде што муслиманите, христијаните и други етно-религиски групи живееа заедно и меѓусебно се почитуваа.
Сирија отскогаш била отворена кон западната култура, како ниту една друга арапска земја.
2. Сирија е единствената арапска земја со секуларен устав. Исламскиот закон е противуставен.
3. Пред 2011 година Сирија беше единствената земја во регионот без војни и внатрешни немири.
4. Сирија е единствената земја која ги прифати иранските бегалци без никаква дискриминација – политичка, верска или социјална.
5. Семејството на сирискиот претседател Башар Ал-Асад им припаѓа на алавитите – огранок на шиитскиот ислам.
6. Дури пет папи имале сириско потекло. Верската толеранција е единствена за поранешната Сирија.
7. Околу 10 проценти од жителите на Сирија и припаѓаат на една од многуте христијански цркви во земјата. Во останатите арапски земји, христијанската популација брои помалку од 1 процент.
8. Жените во Сирија не се обврзани да се покриваат ни со вел, ни со бурка.
9. Сириските жени во здравството и образованието имаат еднакви права како и мажите.
10. Сирија е единствената медитеранска земја која е се уште сопственик на своите нафтени компании, бидејќи владата не земјата не сакаше да ги приватизира.
11. Сирија има нафтени резерви од 2 500 милиони барели, што се резервирани за експлоатација на државните претпријатија.
12. Сирија е единствената арапска земја, која не му должи ништо на Меѓународниот монетарен фонд.