Новинар се маскирал во бегалец и ја искусил кризата

„Се наоѓам во бегалски камп и сум шокиран. Она што го гледам е тотално апсурдно. Луѓео лежат едни врз други. Тоа е неверојано. Сакам да си заминам од овде што порано. Да останам овде еден ден е ок. Но, ова е лудо. Ова е нехумано“, изјави холандскиот новинар.

Тој објави виде снимка во која ги открива катастрофалните услови во хрватскиот камп за бегалци. Новинарот успеал да се провлече покрај обезбедувањето и администрацијата „маскиран“ во бегалец.

бегалци1

Дани Госен, холандски репортер од либанско потекло, кој работи за холандската телевизија 3onderzoekt, влегол во миграциониот камп на хрватско-српската граница за да ги открие проблемите на бегалците во прво лице.

На снимката се гледа дека бегалците немаат соодветно засолниште и спијат на под окружен со ограда.

бегалци 3

Госен успеал да влезе во кампот без никакви документи, претставувајќи се како Калид Гасан. Поминал низ медицински тестови и администрацијата, снимајќи го сето тоа.

„ Ова е неверојатно. Се регистрирав како бегалец од Сирија, кој е уште студент, а имам 34 години“, вели на камерата додека се оддалечува од влезот на кампот.

бегалци2

„ Се тресам, Се плашам што ќе ми направеа ако ме откриеа“, додава тој.

На крајот од видеото тој говори за условите што ги посведочил.

„ Се наоѓам во кампот и сум шокиран. Она што го гледам е тотално апсурдно. Луѓето лежат едни врз други. Сакам да си одам што порано“, раскажува новинарот.

- Реклама -