За да одговори соодветно, буквално на секој предизвик што клиентите на компанијата можат да го упатат за некој од технологиите и системите во кросоверите на марката – Qashqai, X-Trail и Juke, од Nissan користат неколку нестандардни тест процеси.
Nissan објави подетални информации за процесот на развој, како и дел од и прелиминарните тестови, кои компанијата ги користи пред официјалното лансирање на своите кросовер модели на пазарот. Од Nissan коментираат дека од претставувањето на првиот во светот кросовер во 2007 година, до моментов се спроведени повеќе од 150.000 тестирања врз одделни претставници на гамата.
Некои од најинтересните и нестандардни меѓу нив се:
-Искористувањето на специјални роботи, кои ги отвораат и затвораат прозорците на автомобилите барем 30.000 пати за секој модел, а во исто време се користи специјална вулканска прашина, за да се провери системот на гребење и работен век на електричното управување
-Постојана работа на бришачите во рок од 480 часа, во текот на кои се менува брзината на нивната работа и се симулираат различни атмосферски услови
-Постојан циклус за трепкачите (лев/десен) од 2,25 милиони пати за секој модел
-Работа на аудиосистемот со силен звук во текот на 1200 дена, каде се репродуцираат специјално одбрани музички фајлови, вклучувајќи и настапи на Мараја Кери и на германски хаус-изведувачи
-Поставување тежина еднаква на онаа на кафеава мечка, врз панорамските стаклени покриви
-Тест на чаши, шишиња и лименки од целиот свет, за да се гарантира оптимална применливост на достапните прегради и држачи
Извор: Авто Плус