Бегалска криза: Меркел бара помош

Меркел бара поддршка од Америка, Русија и Блискиот исток.

„На Европската Унија и е потребна поддршка од САД, Русија и земјите од Блискиот исток во решавањето со предизвиците предизвикани од големиот бран на бегалци кои сакаат да влезат во Европа“, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел.

Таа изјави во германскиот парламент дека бегалската ситуација може да се реши само со обрнување на внимание на последиците од егзодусот.

„Тоа може да се реши само со поддршка на нашите трансатлански партнери – САД, како и Русија и државите од регионот Блискиот исток, поради лошата ситуација во Сирија“, изјави Меркел.

merkel

Таа додаде дека договорот на лидерите на ЕУ за издвојување на најмалку една милијарда долари за сириските бегалци на Блискиот исток претставува прв чекор, кој мора да се награди.

„ Сега мораме да го искористиме овој сигнал за да оствариме напредок во врска со деталите“, нагласи Меркел.

Лидерите на ЕУ одлучија вечерва на самитот во Брисел да го  засилат обезбедувањето на спорните граници на европскиот блок и да ја зголемат помошта на хуманитарните агенции кои се грижат за бегалците на Блискиот исток.

- Реклама -