На неделата на модата во Њујорк “Марчеса” ja претстави својата колекција пролет-лето за 2016 година.
Специјализираниот бренд за луксузни облеки за жени, кој што е основан во 2004 година од Георгина Чепмен и Карен Крег, и овој пат не го изневери својот стил, покажувајќи линија во која класичната елеганција, скокотливата женственост и аристократската уметност се водечки акценти.
Почитувачи на делото на Marchesa се ѕвезди од рангот на Џенифер Лопез, Сиена Милер, Хајди Клум, Ева Лонгорија …