17 милиони евра ќе бидат префрлени кај нас и во Србија, како помош за справување со големиот бран на бегалци, одлучи Европската комисија.
Согласно со пакетот за помош, пари ќе добие и Турција.
Еврокомесарот Хан истакна дека Македонија и Србија се жртви на бегалската криза и ЕУ ќе им помогне.
„Европската унија е подготвена да помогне со цел да се справивме со овие предизвици, бидејќи кризата не е проблем на земјите од Западен Балкан. Тие, исто така се жртви на ситуацијата и затоа ние мораме да им излеземе во пресрет, истакна Хан.