Северина и Игор го закажаа датумот за венчавката

Популарната пејачка Северина Вучковиќ и Игор Којиќ ќе прават свадба за помалку од два месеци.
Нивната венчавка е закажана за 21 ноември во еден хотел во Белград, пишуваа српските портали.

„Имавме само 48 часа за да донесеме одлука дали ќе присуствуваме на венчавката“, раскажува неименувана гостинка.

Наводно тие започнале да го составуваат списокот минатата среда. Истиот ден Игор заминал назад во Белград за да започне со подготовките, додека Севе имала настап во Македонија.

seve2

Пејачката започна да бара фустан пред неколку месеци, а според некои извори се двоумела меѓу модели на вера Ванг и Оскар де ла Рента, но на крајот се одлучила за креација на својата пријателка Матија Вуице.

- Реклама -