Заздравувањето на славниот германски возач не се одвива со посакуваната брзина.
Возачот на „Ферари“ и рекордер по бројот на титули во Формула 1, Михаил Шумахер, ни после година и пол од несреќата, не проговори и не може да стане од кревет. За нештата да бидат уште полоши, странските медиуми пишуваат дека многу ослабел и има само 45 килограми.
Беше во кома шест месеци по несреќата. Кога дојде до прогрес, тој беше пуштен од болницата и префрлен на клиника во Лозана, со цел да биде поблиску до семејството, а по рехабилитацијата беше пуштен дома.
За неговото заздравување се задолжени 15 врвни експерти. Лекарите констатираа дека една година по несреќата може да го препознае семејството, но не е во состојба да разговара. Според нивните проценки, ќе бидат потребни минумум 3 години за да се забележи напредок.