Не се вика „Нутела“. Името на овој крем сме го изговарале погрешно.
Како што пишува Дејли Мејл, името на компанијата правилно се изговара Њутела (new-tell-uh), а не Нутела (nuh-tell-uh).
Од Ferero наведуваат дека тие не им вршат притисок на луѓето правилно да го изговараат нивниот производ, но објавата за официјалниот изговор го изненади светот, особено Твитер заедницата.
Од компанијата исто додаваат дека името на брендот не може да се изговара исто низ целиот свет, иако на официјалниот опис на пакувањето стои дека се изговара Њутела.