Бомба во белгискиот парламент – сите се евакуирани

Старата зграда на парламентот во Брисел е евакуирана поради пријава дека во неа имало поставено бомба.

Влезот во зградата го чува полиција, додека специјалните екипи со помош на куче ја пребаруваат внатрешноста на објектот, кој што воглавно се користи за прием и слични церемонии, бидејќи парламентот редовно заседува во новата зграда.

Властите засега не соопштуваат никакви детали за изворот на информацијата, ниту до кога зградата ќе биде блокирана.

Нема ни информации дали се работи за евентуален терористички напад.

Прочитајте и:  Фрлена бомба во клубот на партијата ПЦЕР во Тетово, Самка Ибраимовски вели „среќа што не била активирана“
- Реклама -