Објавен е најновиот трејлер на телевизиската серија „Американска хорор приказна“. Во него се појавува Лејди Гага која е грофицата во серијата и таа менува фустани 30 секунди. Во неа Гага изгледа гламурозно, моќно и застрашувачки, а дополнително така ја прави песната што иде во позадина „Du Hast“ – Rammstein.
Приказната во оваа серија е за детективот Џон Лоуи, кого го игра Вес Бентли. Тој истражува низа ужасни убиства во Лос Анџелес, при што доказите го водат до хотелот „Кортез“, со кој раководи „Грофицата“ (Лејди Гага).
Премиерата на оваа серија е најавена за 7 октомври.
Едвај чекаме да ја видиме како Лејди Гага се снајде во улога на актерка.