Настапи есента, и годинава сосема во нејзин стил – со облаци и повремен дожд, лисја што се прелеваат и девојки што се прашуваат дали е време за чизми.
Есента е време кога им се враќаме на обврските, ги вадиме дебелите марами, пуштаме џез…
Зошто џез?
Затоа што есента ја има таа меланхолија, магија, тема и шарм што ги има во џезот.
Затоа што на есен се одржува Скопје џез фестивалот.
Затоа што џезот е музичка придружба на падот на лисјата.
Низ фотографии и едно музичко парче ви го пренесуваме есенскиот дух, сместен во неколку редови и многу имагинација.